Македонија

Почина познатиот македонски архитект Јован Стефановски – Жан, човекот кој го проектираше Милениумскиот крст на Водно

На 71-годишна возраст почина Проф. д-р. архитект Јован Стефановски Жан. Тој беше автор на многу објекти во државата и странство. Меѓу неговите најпознати дела се Милениумскиот крст на Водно, новиот објект на МНТ и преку 550 други објекти. Во својот работен век се занимава со архитектонско проектирање. Реализирал повеќе објекти од општествен, трговски и угостителски карактер. Посебно внимание посветил на станбената архитектура.

Роден во Скопје 1948 година, дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1973).

Заедно со Оливер Петровски, Жан е автор на Милениумскиот крст кој се наоѓа на врвот Крстовар на планината Водно, непосредно над градот Скопје. Изграден е во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток