Магазин

Tамара е најдобриот годинашен женски евровизиски вокал

23, 3 % од гласачите својот глас  за најдобар женски вокал го дале за македонската претставничка Тамара Тодевска.  Зад Тамара се КејтМилер-Хајтке од Австралија и Тамта од Кипар.

Во категоријата за најдобра песна, наградата и’ припадна на победничката”Аркада” во изведба на ДанканЛоренсод Холандија. Нашата PROUD беше рангирана на високото 5-то место.

Лука Хани од Швајцарија победи во категоријата за најдобар машки изведувач, а по него е победникот Данкан а талијанецот Махмуд на третото место.

Норвежаните КЕИНО се прогласени за најдобра група.

Гласањето за Радио-наградите на Евровизија 2019 година траеше од  1 до 10 јуни, а фановите и слушателите на Евровизискиот натпревар низ светот одлучуваа кому ќе му припаднат трофеите.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток