Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Власта ги задолжи граѓаните за нови 8 милиони евра

Власта и натаму безмилосно ги задолжува македонските граѓаните за милионски суми. Власта ги задолжи граѓаните за нови 8 милиони евра, со што нето долгот за последниве две години надмина половина милијарда евра. Каде се завршија овие пари, пари на македонските граѓани?

Македонија полека, но сигурно се движи кон должничко ропство и непосакуваното грчко сценарио, поради расипничкото работење на власта. Јавниот долг ја надмина и опасната граница од над 50 проценти од бруто домашниот производ, а за жал македонските граѓани не видоа ниту еден проект на владата на СДСМ и Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Аболицираниот Заев и неговата криминална банда секојдневно ги задолжуваат граѓаните, а притоа реализацијата на капиталните инвестиции за првите 4 месеци е катастрофална и е под 10 проценти. Во превод Заев и неговите министри не работат ништо, нема нови капитални проекти, нема школи и градинки, болници, патишта и автопати.

Граѓаните со секој нов корупциски скандал на власта го добиваат одговорот каде завршуваат нивните пари, нивните пари завршуваат во џебовите на партиските пајташи од СДСМ и луѓето блиски до власта. Парите на граѓаните се трошат за партиски вработувања, за непотистички вработувања и за криминални тендери и грантови.

Македонската економија е пред колапс, Заев мора веднаш да ги симне розовите очила и да се соочи со фактот дека повеќе од половина милион граѓани живеат со еден оброк на ден, под прагот на сиромаштијата. Доколку Заев тоа не го стори набрзо ќе соочи со гневот на граѓаните на следните парламентарни избори, каде граѓаните ќе стават крај на неговата трагична политичка кариера, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток