fbpx
пет. Јул 30th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Мицкоски: Ајде заеднички да седнеме и со сиот потенцијал кој го имаме како држава да сработиме барем во октомври за датум за преговори

Вечерва во емисијата „Отворено на Алфа“ гостуваше претседателот на ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицкоски кој зборуваше за актуелните политички случувања во Македонија.

Мицкоски меѓу другото рече:

Интересот на државата, интресот на граѓаните е пред и над се. Инаку партиски ако гледам и лично, да сега е моментот кога ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да побара предвремени парламентарни избори и да победи на тие избори. Но дали таа победа ќе ја одалечи Македонија за уште една изгубена година до следниот датум кога треба да се одлучува за евентуален датум за преговори? Со овој потенцијал кој го има Заев видовме до каде не донесе, повторно ќе кажам потребна е работа и потребно е да работиме за да сработиме за иднината на државата, велиме ајде луѓе до октомври да ви помогнеме, видовме не ве бива, ајде да ја истераме работата. Ајде заеднички да седнеме и со сиот потенцијал кој го имаме како држава  да сработиме бар во октомври за датум за преговори,рече Мицкоски.

Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт прво што ќе стори е враќање на рамниот данок и веднаш ќе се намали акцизата на горивата, рече Мицкоски

Изминатиот период веднаш после претседателските избори размислував, и имав консултации со голем број луѓе од различни области меѓу кои се разбира приоритет беше бизнис заедницата, бизнисмени, претприемачи кои што долги години опстојуваат во бизнис секторот во Република Македонија.

Заклучокот од тие консултации дека рамниот данок беше навистина одлично решение. И ние кажавме дека веднаш по формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ една од првите одлуки ќе биде враќање на рамниот данок, посочи Мицкоски. Мицкоски додаде дека не е само тоа решение туку и друга одлука на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде и намалување на акцизата на горивата.

Бидејќи СДСМ одлучи радиодифузна такса да не се плаќа а истовремено ја зголеми драстично акцизата за горива што допринесе потешкотии во животот на граѓаните. додаде претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Напишете коментар