Македонија

Тасевски: Ако ги попишете Гоце, Јане, Даме, Ѓорче, Климент, Наум, како Бугари, ќе ја пееме ли химната со тралала?

Актерот и поранешен директор на „Драмски театар“, Сашо Тасевски, реагира на отсуството на одговор на македонските власти на бугарските ултимативни барања и Гоце Делчев да се прогласи за Бугарин.

-Ако ги попишете Гоце, Јане, Даме, Ѓорче, Климент, Наум, како Бугари, ќе мора да ги преименувате сите топоними и имиња на школи, булевари, универзитети, кои ги носат нивните имиња. А бе химната ќе мора да ја смените. Нема веќе оној стих Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев… Ќе мора да го пееме со тралала… Делчево нема да може да се вика така, ако му остане името ќе биде бугарски град. На населбата Даме Груев, ќе мора да и го вратите старото име Гологузица. Сите споменици со овие дејци ќе мора да ги отстраните, зашто нема да бидат наши. Ако не ги смените имињата, ако останат исти, а тие важни личности ги попишете како Бугари, ќе потпишете и дека Македонија е бугарска покраина. Дали сфаќате колку сте имбецилни? , напиша Тасевски на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток