fbpx
пет. Јул 30th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Заев и Хан: Потврдена заложбата Република Северена Македонија годинава да добие датум за преговори со ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во областа Вахау, Република Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

На средбата, којашто помина во исклучително позитивна атмосфера, уште еднаш беше потврдена заложбата Република Северна Македонија годинава да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Премиерот Заев истакна дека тоа за нашата земја е многу важно бидејќи ќе биде дополнителна мотивација државата да продолжи со спроведување на реформите во сите области, со забрзано темпо.

„Добивањето датум за граѓаните ќе биде потврда дека се што направивме во изминативе 2 години вредело“, истакна Премиерот Заев на денешната средба со еврокомесарот Хан.

Напишете коментар