Гушкањето крави е тренд кој моментално владее во Њујорк. Ако никогаш не сте се замислиле во таа ситуација и веројатно не сметате дека таа би можела да ви помогне, ова искуство ќе ви го докаже токму спротивното – кравите се нежни животни на кои не им сметаат прегратки.
Според истражувањето спроведено од страна на “PubMed”, нивото на стрес кај луѓето значително се намалува кога се во контакт со животни. Иако терапијата на гушкање крави може да звучи чудно, кога ќе ја ставите во редот на другите терапии во кои се вклучени животни, тогаш ќе сфатите дека ова воопшто не е необично. Луѓето веќе долго време практикуваат јога со кози, мачки и зајаци.
На ранчот “Mountain Horse Farm” можете да уживате во гушкањето со овие благородни животни, каде за 90 минути третман ќе треба да платите 300 долари.
“Тие чувствуваат дали сте вознемирени, изгубени, анксиозни или возбудени и врз база на тоа реагираат за да ви помогнат. Дружењето со нашите животни им носи на посетителите мир, комфор и опуштање”, се наведува на официјалната страна на оваа фарма.https://www.facebook.com/MountainHorseFarm/?ref=nf&hc_ref=ARSoKH0ulUgOy1grnjmmV0Kej-_FDYl36Uy1S9_EfFLcxg3nL8-6Ah_TE-00qLdt_1E