Скопје

Жителите на Кисела Вода на нов протест: Уште колку деца треба да згазат на игла?

Граѓаните на скопската населба Кисела Вода утревечер повторно ќе излезат на протест со барање за дислокација на Центарот за зависности.

Револтирани граѓани неколку пати до сега побараа дислокација на Центарот, но нивните молби не беа исполнети иако им беше ветено дека Центарот ќе се дислоцира до 5-ти мај годинава.

„Досега бевме коректни и конструктивни со сите чинители инволвирани во проблемов, кој ни го предизвикуваат ЗАВИСНИЦИТЕ од ДРОГИ и ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИ, укажувавме на проблемите дека недолично се однесуваат, пријавуваме кога ни правеа штета во домовите и кога не пљачкаа, пријавувавме и кога некое дете ќе се боцне на искористена игла. Минатата година кога и покрај нашата кооперативност за возврат добивме да низ цела населба има ИГЛИ И ШПРИЦЕВИ и да се повредуваат се повеќе деца излеговме на протест на кој повторно човечки и со разбирање го побаравме истото да се дислоцира центарот. Од тогаш наркоманите си земаа за сила и почнаа повторно да се соблекуваат голи пред нашите деца и жени и да се дрогираат, а чашата ја прели повредувањето на ќерката на еден од нашите соседи“, соопштија граѓаните од Кисела Вода.

Протестот во недела, велат од таму, нема да биде ниту најмалку како досегашниве протести.

„Нема да е предупредувачки протест туку РАДИКАЛЕН. Од недела па натака ЦЕНТАРОТ НЕМА ДА РАБОТИ. Повеќе нема да дозволиме да не манипулираат и ЛАЖАТ, а нашите деца да страдаат заради негрижата на институциите. АКО ИМААТ СИТЕ НЕКАКВИ ПРАВА, ТОГАШ И НИЕ ИМАМЕ ПРАВО НА МИРЕН И БЕЗБЕДЕН ЖИВОТ ВО НАШАТА ОПШТИНА“, велат жителите.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток