Македонија

Во патничко возило „БМВ X5“ полицијата затекнала 10 мигранти од Пакистан

На 15.06.2019 година околу 03.50 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на клучка „Прдејци“, полициски службеници забележале патничко возило „БМВ X5“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало на знак за запирање.

Полициските службеници со службено возило го стигнале наведеното возило и во него биле пронајдени 10 мигранти од Пакистан кои биле пренесени во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток