Скопје

СТАТУАФЕСТ И БАСКЕРКАРАВАН – Интернационален уличен уметнички фестивал за баскери и живи статуи 2019 год

Од 20 до 22 јуни со почеток од 18:30 до 23 часот во Скопје ќе се одржува  Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи СТАТУАФЕСТ И БАСКЕРКАРАВАН.

На фестивалот свое учество ќе земат светски познати артисти, баскери и живи статуи , од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и секако нашите професионални артисти од Северна Македонија. За музичкиот дел се задолжени Тони Зен и ДЏ Бугимен, како и Онија Блузерите. Фестивалот ќе се одржува на плоштад Македонија и на ул. Македонија која води од плоштад кон Мајка Тереза.

Главен покровител на фестивалот е град Скопје. Организатор на фестивалот е здружението на граѓани ТИМ ТЕАТРОС К од Скопје.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток