Македонија

Капитацијата на матичните лекари ќе се зголеми од 1 ноември

 

Со оваа мерка значајно ќе им се излезе во пресрет на матичните лекари да ги надминат пред се финансиските проблеми кои во секојдневниот начин на работење им создаваат проблеми во пристапот што го обезбедуваат за пациентите и квалитетот на здравствена заштита, со оглед на тоа што оваа капитација не е променета како сума со години наназад, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Кога станува збор за тоа колку точно ќе се зголеми капитацијата Филипче истакна дека точните калкулации ќе ги имаат во следните неколку месеци.
Според Филипче зголемувањето на капитација ќе овозможи полесно надминување на проблемите со обезбедување средно медицински кадар за кој и сега одделуваат одредена сума пари, за да ја платат како дел од задолжителниот тим пропишан со законот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top