Македонија

Претседателот Пендаровски ja прими амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара.

На средбата, двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, при што изразија задоволство од силното и традиционално пријателство и од континуираниот позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски истакна дека негувањето на стратешкото партнерство со Турција, е од исклучително значење за Северна Македонија, изразувајќи очекување за натамошно унапредување и зацврстување на соработката во сите области од взаемен интерес.

Претседателот Пендаровски потенцираше дека Северна Македонија високо ја цени и ја почитува континуираната помош од Турција на нашиот евроатлантски пат.

„Нашето членство во Северноатлантскиот сојуз позитивно ќе влијае врз натамошната регионална соработка и ќе придонесе за траен мир и стабилност на Балканот, заложби коишто заеднички ги споделуваат и Северна Македонија и Турција“, порача претседателот Пендаровски на средбата.

Амбасадорката Еркал Кара на претседателот Пендаровски му пренесе честитки од турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата, додавајќи дека Република Турција ќе продолжи да биде поддржувач на Република Северна Македонија.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток