Македонија

Тепачка помеѓу неколку лица – едно заврши во болница, друго во полиција

На 20.06.2019 година во 01,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата “Цветан Димов“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу неколку лица. Притоа, на А.Р.(24) му била нанесена повреда од  остар предмет и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Исто така приведено е и едно лице, Б.Б. (29), кој бил задржан во Полициската станица Бит Пазар. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток