Македонија

ДИК за Алфа: Гиновски бил член на избирачки одбор на предлог на СДСМ

Б. Гиновски кој вчера преку социјалните мрежи му се заканувал на уредникот на „Плусинфо” Бранко Героски на последните претседателски избори по предлог на СДСМ бил член на избирачки одбор во општината Ѓорче Петров на избирачко место 2581.

Ова за телевизијата Алфа го потврдиле од Државната изборна комисија (ДИК). По синоќешниот притисок како што рече Героски, поради објавување на серија текстови за наводна изнуда  и рекет тој денеска беше во штабот на СДСМ.

Спротивно на ова Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ по средбата на Героски со претставници од СДСМ истакна: Во разговор со господин Геровски, му дадовме информација дека не станува збор за партиско обезбедување. Во текот на денот, ќе видиме од базата на членовите дали станува збор за член на Социјалдемократскиот сојуз. Секако, доколку станува, согласно нашиот Статут во партијата соодветно ќе реагираме.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток