Македонија

АА: Албанците очекуваа функционери од ДУИ кои ги има во бомбите да поднесат оставка и да подлежат на правна постапка

Почитувани претставници на медиумите, Речиси 2-3 недели Албанците ги слушаат прислушуваните разговори – таканаречени бомби, во кои се открива уште повеќе формата и начинот на креирањето политики на ДУИ и на нивниот лидер. Овие разговори, независно од начинот и формата како се објавуваат во јавноста, нивната содржина станува загрижувачка, бидејќи протагонисти се политички лидери избрани преку гласање и се повикуваат на легитимитет кај Албанците. Значи, не се обични приватни разговори на обични граѓани, туку се разговори помеѓу официјални претставници и политички лидери. Истите функционери на ДУИ, врз основа на прилушкуваните разговори, ги злоупотребиле своите партиски и државни функции, преку влијание врз изборот на судии,обвинители. претседатели на судови, нотари итн. Истотака од последните прислушкувани разговори се слушаа и скандалозниот разговор меѓу лидерот на партијата Али Ахмети и Садула Дураку,кој говорат за прикријување на убиец кој убил невин човек а тоа од нив го побарал актуелниот вице премиер за европски интеграции Бујар Османи, се вели во соопштението по пресс конференцијата на Алијанса за Албанците.

Според прислушкувањата е чисто како солза дека: Тие вршеле притисок врз функционери за да поднесат оставка, како што беше случајот со ректорот на ДУТ и многу други случаи кои ги слушнаа граѓаните. Овие функционери базирајќи се на прислушкуваните разговори вршеле политички притисок врз одредени медиуми . Слушнавме од прислушуваните разговори дека постојат снимки од полнење на гласачки кутии за ДУИ, и многу други кодирани разговори кои даваат индикации за прашања кои се јавуваат како енигматични. Да не зборуваме за навреди, пцовки, потценувања врз истакнати личности и врз разни подрачја кои некогаш биле полни сo гласачи на ДУИ.

Сите овие се индикации и докази дека функционерите на ДУИ го прекршиле законот, а Јавното обвинителство мора да преземе итни мерки. Бидејќи разговорите се од периодот кога на власт беа ВМРО и ДУИ, а дел од нив беа објавени од страна на тогашниот лидер на опозицијата и актуелен премиер Зоран Заев, за нас како Алијансата не е битно кој ги објавува и како тие станаа достапни за јавноста, туку нивната содржина. Народот ќе ги казни со својот глас, а Судовите треба да покренат кривични постапки. Ние како Алијанса, ги повикуваме правните институции, Специјалниот јавно обвинителство, што поскоро да ги разгледаат прилушкуваните разговори, да ја утврдат нивната веродостојност, и што е можно поскоро да се отвори истражна постапка за функционери на ДУИ кои го имаат прекршено законот.

Албанците во текот на овој период очекуваа дека овие функционери од ДУИ барем да поднесат оставка од морални причини од нивните партиски и државни позиции, и да подлежат на правна постапка. Несфатливо и ненормално е однесувањето и молчењето на власта, поточно молчењето на СДСМ и премиерот Заев, кој, како што некогаш ги поштеди функционерите на ДУИ, но изгледа дека тоа се повторува бидејќи сега се покажува индиферентен кон новите прислушкувани разговори, и наместо да создава можности и услови за нивно гонење на оние функционери кои го прекршиле законот, изгледа дека овие недели не живее во државава!

На крајот, ја потсетуваме јавноста дека нема датум за разговори со ЕУ или интеграција во ЕУ, бидејќи оваа влада која ги амнестира инкриминирала ДУИ ја држи во залог целата евроатланска перспектива на нејзините граѓани. Нека се реформира и нека го исчисти политичкиот криминал од владата, пред Владата да се реформира од страна на народот, се вели во соопштението по пресс конференцијата на Алијанса за Албанците.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток