вто. Ное 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ФОТО: Булеварот Партизанска пренаменет во паркинг

Булеварот Партизански одреди наместо за за сообраќај, служи како паркиралиште. Колона од десетици возила се оставени на сред булевар, во делот кој е ограден. Ова се случува изминатава недела, откако отпочнаа градежните работи за замена на асфалтот.

Додека автомобилите се паркирани на булеварот, возачите седат во една од локалните слаткарници. На ова не реагира полицијата, која треба да ги санкционира.

Ваквата слика не е невообичаена за овој булевар. И во деновите кога сите ленти се функционални, првата е секогаш зафатена од несовесните возачи.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close