Македонија

29 годишна родилка од Охрид починала од сепса

29 годишна родилка од населбата Рача од Охрид, вчера починала од сепса на клиниката во Скопје, објави Охрид 24.

Жената пред неколку дена се породила на гинеколошкото одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид и на свет донела здраво и живо бебе. После породувањето жената била задржана на одделението. Дента кога жената требело да биде отпуштена, при станување од креветот состојбата и се влошила и се онесвестила по што итно била пренесена на клиниката во Скопје. Таму лекарите констатирале смрт, а причината била сепса.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток