вто. Ное 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(Независен) ФОТО: Голема полициска акција во Љуботен – граѓаните исплашени

Во село Љуботен од утрово се спроведува голема полициска акција. Целото село е блокирано, а многу куќи од 5 часот наутро се претресени.

Како што информираат граѓаните за „Независен весник“ акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат.

Тие велат дека тоа им е единствена егзистенција и со пот се обидуваат да ги нахранат нивните деца.

Од друга страна, сметаат дека државата не е заинтересирана за нив во ниту еден аспект да им помогне, ни при вработување, ниту во инфраструктурниот дел, па се жалаат дека патот е катастрофален,нема вода за пиење,а имаат и други проблеми.

ПРОЧИТАЈТЕ ГО И ОВА: ВИДЕО: Полиција на секој чекор во скопско Љуботен, се упаѓа во куќите

Во куќата на Сулејман Зендели полицијата влегла по грешка. Како што вели Зендели во 5.30 часот, со нога ја отвориле вратата и веднаш му ставиле лисици на неговиот син Раметула Зендели, па го ослободиле откако сфатиле дека по грешка влегле во неговиот дом.

Повеќе прочитајте на Независен.мк

Фото: Независен весник

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close