Скопје

(ВИДЕО) Голготата продолжува: Полицијата им го заплени тутунот и машините на жителите на Љуботен

Во опсежна полициска акција во која учествуваат претставници на Финансиска полиција и на МВР-специјални полициски сили, во скопското село Љуботен се запленува голема количина на шверцуван тутун и друга акцизна стока.

Жителите на селото се вознемирени и исплашени, а за тутунот велат дека им е единствен начин за егзистенција и живот.

По неколку часа претреси, жителите од револт го изнесоа тутунот на улиците, вејеќи дека ако имаат друга работа, нема да преработуваат тутун.

Во селото беше и градоначалникот на Бутел Велимир Стојковски кој кажа дека „тутунот не е илегален, туку е стекнат со работа“.

„Денеска од граѓаните на Љуботен сум информиран дека има полициска акција. Јас дојдов во селото и утврдивме дека  акцијата ја спроведува финансиската полиција за собирање на нелегалниот тутун кои го имаат селаните во своите домови. Но јас со сигурност тврдам дека не е нелегален, туку е стекнат на начин преку работа на целата фамилија која го ниже цела година и за тоа се информирани сите институции во државата.  Се надевам дека брзо ќе заврши оваа голгота на народот и се ќе се реши низ институциите„ кажа градоначалникот на Бутел  Велимир Стојковски.

На прашањето зошто има хермелини во селото, Стојковски кажа дека „најверојатно се проценило дека има безбедносен ризик“ и дека акцијата се спроведува во 8 објекти.

Финансиската полиција веќе одзела тутун и машини од објектите кои биле претресувани.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток