Скопје

Градоначалникот на Општина Бутел, Смилевски во одбрана на жителите: Тутунот не е илегален, туку е стекнат со работа

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски застана во одбрана на жителите на Љуботен, а контра финансиската полиција која со асистенција на силни полициски сили изведе акција против шверцери на тутун.  Според Смилевски, тутунот не е илегален, туку е стекнат со работа на фамилиите.

Смилевски вели: Се надевам дека брзо ќе заврши оваа голгота на народот и се ќе се реши низ институциите на системот. Со сигирност тврдам дека тутунот не е нелегален.

Спротивно на ова од Управата за финансиска полиција велат дека станува збор за акција поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама. Тие во кусото соопштение преку медиумите валат:

-Во интерес на истрагата не можеме да споделиме подетални информации. Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите, се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток