Македонија

Холандскиот амбасадор Пломп: Законот за СЈО е услов Северна Македонија да започне преговори со ЕУ

Да се најде начин за интегрирање на СЈО во редовниот судски ситем на државата и да се воспостови одговорност за сите минати, сегашни, но и идни случаи каде што има курупција, порача холандскиот амбасадор во земјава  Ваутер Пломп. Според него, неопходно е да се постигне компромисно решение за ова прашање помеѓу власта и опозицијата.

Холандија била и останува загрижена за владеењето на правото во земјава, а под тоа го подразбирам и Законот за СЈО.  Сите политички сили кои сакаат Северна Македонија да започне преговори со ЕУ треба да најдат конструктивно решение, кое ќе одговара на партиите од власта, но и на оние кои не се во власта , истакна амбасадорот Пломп.

Инаку повеќето земји членки на Европската унија потенцираат дека сите политички партии треба да дадат приоритет на владеење на правотот и правната држава. Тие се надеваат дека сите партии во прламентот ќе најдат модус да му овозможат на СЈО да продолжи да функционира.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток