Скопје

Од денеска можете да аплицирате за субвенции за електрични тротинети и велосипеди

Градот Скопје денеска распиша два јавни повици, Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година, како и втор Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година.

Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје кои ќе купат нов електричен тротинет купен во Република Северна Македонија, од 01.01.2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30.11.2019 година.

Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход,.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за  учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до Град Скопје треба да достави:

– Барање за субвенција за купување на еден електричен тротинет (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk ),

– Доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,

– Фотокопија од трансакциска сметка на барателот,

– Изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на електричен тротинет од Град Скопје,

– Оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 01.01.2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2019 година.

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден електричен тротинет.

Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на електричен тротинет, заедно со потребната документација, граѓаните ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул.Илинден бр.82, секој работен ден од 09 до 15 часот.

Целиот јавен повик може да го видите на следната интернет врска – www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен Повик тротинети.pdf

Градот Скопје денеска го објави и вториот Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година, со кои се предвидени субвенции за граѓаните кои имаат купено нови велосипеди од 27.05.2019 година и ќе трае се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30.11.2019 година.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, а јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

– Барање за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk),

– Доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,

– Фотокопија од трансакциска сметка на барателот,

– Изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед од Град Скопје,

– Оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 27.05.2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2019 година.

Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување велосипед, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул. Илинден бр.82, секој работен ден од 09 до 15 часот.

Целиот јавен повик граѓаните можат да ги видат на следната интернет врска – www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен Повик Велосипеди 2019.pdf

За потсетување, минатата година Градот Скопје за првпат даваше субвенции за електрични тротинети и беа пристигнати 117 барања за субвенции, додека ова е втор јавен повик за субвенции за купување на велосипеди во 2019 година, а во првиот повик пристигнаа 3.472 барања за субвенции.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток