Свет

Паника на познатото хрватско летувалиште – евакуирани 80 луѓе, поради истекување опасен плин

Ситуацијата во хрватскиот град Раб е опасно поради истекување опасен плин поради што и дел од градот е евакуиран, јавија хртавски медиуми. Засега нема најава колку ќе трае таквата состојба, објавија од градската управа.

Градоначалникот на Раб, Никола Гргуриќ во изјава за Н1ТВ во 10 часот изјави дека во текот на денот очекува ситуацијата да се нормализира.

– Нема место за паника, се направивме нашите луѓе, нашите гости и нивниот имот да бидат безбедни, изјави тој. На терен се сите служби и работат на намалување на последици од истекување плин. Се работи за експлозивна комбинација на плин пропан-бутан.

Во понедленикот навечер беше утврдена присутност на плин на подрачјето на центарот на градот, а туристи и жители беа евакуирани.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток