Македонија

Стоилковски: Заев наместо да побара оставка од Дудуш, тој вчера побара да ја слушнел другата страна од приказната

Вчера јавноста имаше можност да го слушне Зоран Заев како се обидува да го оправда својот пулен Курто Дудуш, за којшто постојат сериозни индиции дека бесправно лишал од слобода, измачувал, тепал и навредувал граѓанин во својот градоначалнички кабинет. Зоран Заев наместо да побара оставка од Курто Дудуш, тој вчера побара да ја слушнел другата страна од приказната, зошто и дали имало оправдана причина некој да биде незаконски затворен,  тепан, измачуван и навредуван од Дудуш, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Па зарем постои доволно добра причина и оправдување човек да биде повикан и бесправно лишен од слобода во градоначалнички кабинет, а потоа измачуван , тепан и навредуван со најпогрдни зборови.

За жал тоа е менталната матрица на еден аболициран криминалец како што е Зоран Заев. Тој ќе искине и железни опинци само за да го заштити, поддржи и поттикне криминалот и беззаконието на своите партиски пулени.

Сега е јасно зошто со денови Заев и СДСМ ја потиснуваат темата за насилно однесување на нивниот градоначалник на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Сега е јасно зошто МВР на Оливер Спасовски ја менувало пријавата на оштетениот во поплака кај што полицијата и не мора да реагира.

Сега е јасно зошто молчи и обвинителството и не покренува обвинение по допрен глас.

Сега е јасно зошто никаде ги нема таканаречените невладини, бидејќи сите се претворија во владини послушници на Зоран Заев. Зоран Заев во случајот со тепањето на граѓанин во градоначалничкиот кабинет на Курто Дудуш докажа дека е носител на криминогеното и насилничко однесување на власта. Тој е поддржувач, одобрувач и заштитникот на сето тоа. Одговорност за овој случај како и за многу други пред тоа ќе има, кога Зоран Заев ќе падне од власта и кога ќе се ослободат и полицијата и обвинителството од партиските стеги, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток