Македонија

Анѓушев: Наскоро интензивирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска најави дека наскоро ќе се интензивираат работите во изградбата на автопатот Кичево- Охрид. Според него, техничките проблеми се надминати.

Одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на Законот за енергетика и подзаконските акти, посочи дека техничките проблеми се надминати.

– Ги разрешивме и проблемите со договорите. Направивме заштеда од 90 милиони евра во тие договори. Сега очекуваме да се продолжи кредитирањето од Ексим банка, кое престана на 15 јануари. Финансирањето е спорно и тоа не зависи од нас, туку од кинеската Ексим банка. Деновиве очекуваме информации за тоа. Доколку тие информации не стигнат брзо ќе бараме други начини и патот ќе продолжи интензивно да се гради, рече Анѓушев, потврдувајќи дека рокот за реализација на проектот останува 2021 година.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток