Македонија

Јована од Фчерашни замина со Тевдовски од финансии

Портпаролката на Министерството за финансии, која претходно беше водителка на сатиричната емисија Фчерашни новости заминува од функцијата, по разрешувањето на министерот Драган Тевдовски.

“Денеска Собранието ја гласа реконструкцијата на Владата, со која се разрешува според моето необјектвино, но верувам реално размислување најдобриот Министер за финансии, Dragan Tevdovski. Ми беше чест да бидам дел од тимот заедно со луѓе како Viktor Mitevski, Rilind Kabashi, Nena Manchev Trajkovska и Branimir Jovanovic. Она што го научив од нив и со нив не можат да го платат ниедни пари.
ПР тимот неуморно работеше за на јавноста да и ги доближи мерките на Министерството, кои и не се секогаш лесни за разбирање. Во времиња на подем на лажни вести, дезинформации, полу-информации, и сензационализам, овој тим успеа да остане доследен на точно и етично информирање. Мислам дека поставивме нови стандарди на разбирање на финансиите и на фискална транспаретност и ќе се радувам на сите идни успеси на моите колешки и колеги.
Министерството за финансии има вработени кои работат посветено и професионално и среќна сум што сум била дел од најквалитетната државна институција.
Исто така денеска во Собраниска процедура влегува и последниот закон од Владината програма кој беше насочен директно кон граѓаните, а е во надлежност на Министерството за финансии. Повратот на 15% од платениот ДДВ, или „Мој данок, моја заштеда“.

Поздрав екипо, до следната прилика, тука или некаде”, стои во објавата на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток