Видео и Фото

Василевска: Рашковски од позиција на генерален секретар на Влада договарал сомнителен тендер во висина од 7 милиони евра

Драги Рашковски од позиција на генерален секретар на влада договарал сомнителен тендер во висина од 7 милиони евра за набавка на систем за летање преку М-НАВ,  како што објавија медиумите, вели Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Рашковски заедно со претседател на УО на М-НАВ, кој како што пишуваат медиумите е близок роднина на министерка во владата на Зоран Заев, се слуша како иако знаат дека датумот за тендерот изминал за 3 дена го доделуваат истиот на  италијанска фирма.

Наспроти тврдењата на Рашковски дека тендерот е доделен во 2016-та година М-НАВ го демантира преку официјалната веб страна каде се гледа дека склучиле договор во 2018-та година.

Ако тендерот бил доделен во 2016-та тогаш зошто десната рака на Зоран Заев Рашковски договара рокови само за да добие оваа компанија.

Според објавеното во медиумите, а кое е транскрипт од разговор помеѓу Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ се чита дека иако тие знаат дека италијанската компанија Леонардо не ги исполнува условите со неа да се договараат.

Според објавеното во медиумите се чита како Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ одат спротивно на одлука на влада според која се укажува да се оди кон ретерирање, а не да се склучува нов договор, како што тоа подоцна го прават Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ.

Имено според објавеното се вели: – Друга работа што мора да се измени, имаме заклучок на 63 седница на влада. Имаме одлука со која ни се укажува за да ретендерираме, зборува претседателот на УО на М-НАВ преку она што го добив во медиумите. На истово Рашковски одговара : – Ќе запишеме. Во владин заклучок ќе кажеме дека тоа престанува да важи и готово.

Но злоупотребите и прекршувањето на законите не застануваат тука. Според објавеното во медиумите се чита дека Рашковски и претседателот зборуваат за одредена награда, која треба да ја добијат. Имено претставникот на италијанската фирма Леонардо во прашање до Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ вели: – Дали ќе треба да не побарате за да се состанеме на преговори за да расчистиме некои работи? Во писмото со наградата, ќе биде споменато.

За каква награда станува збор и дали господинот Рашковски директно договара процент самиот за себе?

Дали и Зоран Заев знаел за ова и дали и тој се има офајдено од ваквиот скандал?

Бараме оставка на десната рака на Зоран Заев – Драги Рашковски, и итно спроведување на истрага од страна на обвинителството.

Вака изгледа вистински заробена држава. Со оглед на тоа дека Рашковски е вршител на должност Генерален секретар  на владата и се уште може да влијае на заташкување на случајот и врз доказите и сведоците обвинителството треба веднаш да делува.

Ги повикуваме надлежните во најбрз можен рок да покренат постапка и да го расчистат овој случајот. Доколку се покажат како вистините наводите во медиумите Рашковски е директен сторител на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од  КЗ, според кој сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку 5 години.

Обвинителството и надлежните институции мора да утврдат, дали и колку е оштетен буџетот на Република Македонија? Одговорност мора да има, за сите вмешани во случајот. Криминалот и корупцијата мора да станат минато.

Дали чистењето на подрумите од страна на Рашковски значи нивно полнење на вакви нелегитимни начини?

Дали Република Македонија конечно ќе се ослободи од оваа ненародна власт?

Ова се прашањата кои што не мачат и бараме соодветен одговор“, изјави Василевска.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток