Македонија

Царовска по Парадата на гордоста: Покажавме дека сите оние кои со години беа дискриминирани и малтретирани, можеме заеднички ги поддржиме

Полна ми е душава, одамна не сум била на настан со толку позитивна енергија, напиша министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, по Парадата на гордоста каде учествуваше во првите редови.

„Денеска покажавме дека сите оние кои со години беа невидливи, дискриминирани, малтретирани, можеме заеднички ги поддржиме. Насилство во нашата држава никогаш да не се повтори. Донесовме нов Закон за превенција и заштита од дискриминација, ја ратификувавме Истамбулската конвенција, поддржавме услуги за заштита и сето тоа за само две години. Веруваме во општество кое е еднакво и дава шанса за секој еден.
Им благодарам на припадниците на полицијата кои достинствено ја завршија својата работа и настанот помина во најдобар ред“, напиша Царовска.

На почеток