Македонија

Муареми: Министерство за економија и Царина дале дозволи увоз на тој вид тутун

По заплената на тутунот од забранетата сорта Вирџинија, Управата за финансиска полиција се фокусира на откривање на начинот на кој стоката влегла во земјава. Во интервју за Алсат, директорот Арафат Муареми вели дека следните проверки ќе бидат во Министерството за економија и во Царинската управа.

-Целата енергија на финансиската полиција во наредните денови ќе биде насочена во истрагата како успеале тие приватни компании да го увезуваат нелегалниот тутун. Дојдовме до некои информации кои покажуваат дека се вмешани и неколку државни институции кои дале потврди или дозволи за се увезе тој вид на тутун, односно Вирџинија, вели Муареми.

На прашањето за кои институции станува збор, директорот Муареми вели:

-Според доказите кои успеавме да ги обезбедиме во изминатите денови, станува збор за две институции. Тоа се Министерството за економија и Царинската управа. Според Обвинителството, или обвинителот кој е надлежен и е ангажиран во оваа насока, во оваа истрага, покажува дека потврдите или дозволите кои се дадени за увоз, треба да се анализира дали се во согласност со законот или не. Доколку имаме прекршување на законот или злоупотреба на законот за дозвола за увоз на тутун, од друга страна треба да достават и факти дека увозот на тутунот е во координација и соработка на компаниите кои во Република Северна Македонија го имаат правото на производство на тутунските производи, вели Муареми.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток