Македонија

Детали за нападот врз припадници на ЛГБТИ заедницата: Фалеа секунди да завршиме многу полошо

Шестмина активисти на ЛГБТИ беа вчера вербално нападнати во Сарај по Парадата на гордоста која се одржа во Скопје. Група насилници ги следеле активистите со две возила и неколку пати им го блокирале патот. Третиот пат решиле и физички да се пресметаат со нив, па го нападнале Беким Асани од Тетово, кого го удриле со тупаница.

Асани раскажа што се случило. Тој вели дека среќа што во близина на местото на настанот имало полициски службеници кои веднаш интервенирале, со што е избегнат поголем инцидент.

„Во група од 15 до 20 души еден рече „дали е тој педерот од Тетово” откако и некои му потврдија почна да ни префрлуваат, при што ние заминавме, но 5 од нив не следеа и ми се нафрлаа мене…едниот ме плукна…цело време викаа ќе те убиеме, мртов си а на другарките им викаа вас ќе ве силуваме…
Ова траеше едно 300 метри дур не се качивме во такси, ние со 2 такси, една кола не следеше напред една странично…таа напред 2 пати ни го пресече патот, па таксистот даде гас повеке…но во Сарај имаше гужва…по 3 пат ни го пресекоа патот.
Едниот излезе од кола дојде ја отвори врата од таксито и ми ја искина маичката (маичката не беше од скопје прајд)…ми ги искина и двете гумени алки…пак се врати и ми удри бокс…за тоа време други се собираа и ни ја опколија колата викајќи педери мрш од тука, ќе умрете…
Имавме многу среќа зш во кафулете од спротивно имало тројца полицајци кои претрча…но и они беа нападнати од тој што ми удри бокс и од неговиот другар…
Фалеа секунди да завршиме многу полошо
Никој од нас немаше ништо ЛГБТИ никакви обележја…они ме препозна мене…
Сите сме шокирани се беше како на филм…ова нема да го заборавиме цел живот“, напиша Асани на својот фејсбук профил.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток