Пејачот Христијан Тришоски на својот официјален Јутјуб канал ја објави првата од вкупно три преработки на големи регионални хитови со кои после година дена пауза од медиумскиот простор, повторно се враќа со нов материјал.
Првата преработка во новиот проект е на песната „Нека боли“ од Предраг Пеџа Меденица, а на неа работеа Зеки Бекироски (обработка на музика) и Христијан Ѓорѓиевски (микс и мастер), додека видеото е снимено од Медиа Рекордс по идеја на Христијан.
Во продолжение погледнете ја преработката на „Нека боли“ во изведба на Христијан.