Свет

(УЖАС) Српски полицаец со месеци обљубувал 13-годишно девојче, другарка на неговиот син

Полицаецот В.Ж. од Србија бил уапсен и одреден му е притвор до 30 дена поради сомнение дека обљубил 13-годишно девојче, другарче на неговиот син. Полицаецот од март годинава, па се до моментот на апсење го намамувал девојчето, користејќи ја нејзината незрелост, а потоа сексуално ја искористувал.

,,Станува збор за маж на околу 40 години, кој и самиот е родител на три малолетни деца, од кои и син на 13 години, соученик со силуваното девојче. “ , се наведува во полициското соопштение.

Токму пријателството со неговиот син, полицаецот го искористил за да се поврзе со неа преку Фејсбук, да ги научи нејзините семејни проблеми и да ја стекне неговата доверба .

Девојчето на сослушување изјавило дека е вљубено во обвинетиот со кој е во емотивна врска веќе неколку месеци, како и дека доброволно стапила во сексуални односи со него.

Полицаецот истакнал дека во последните неколку месеци се гледал со девојчето во околина на Мионица.

-Девојчето го возел во својот автомобил и го носел на скриени места, надвор од населението, а потоа со неа имал сексуални односи.Дека се случува нешто чудно забележала мајката на девојчето, која наводно ве нејзиниот телефон пронашла и пораки. Кога ја притиснала ќерка си таа признала дека е во врска со 42- годишниот полицаец од март- вели соговорник за Курир.рс.

Уапсениот полицаец се брани со молчење.

Доколу се докаже вина на суд, иако нема да се работи за силување, тој може да заработои казна затвор од 12 години поради обљуба над дете.

фото: www.espreso.rs

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток