Магазин

Пуштени во продажба билетите за NUMB – Tribute to Pink FLoyd

Од денес се пуштени во продажба билетите за проектот кој е најавен како вистинско интимно  музичко задоволство, NUMB – Tribute to Pink Floyd.

– Музиката се врати дома. Билетите по рекламна цена од само 300 денари од денес се продаваат  во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, Music Shop ZZ Top, тезга „Аждер“ градска чаршија и  плажата Cuba Libre. Цената на билетите на врата, вечерта на самиот настан ќе биде 400 денари.

Затоа побрзајте и бидете дел од овој фантастичен настан. Резервации на билети на 075/453-294,  резервации на маси во Cuba Libre 075/357-545, додаваат организаторите.

Проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd во Охрид ја имаше премиерата минатата година на сцената „Долни сарај“ и според многумина, беше еден од настаните кои го одбележаа летото.

Во полн состав, на 18-ти овој месец, на популарната плажа Cuba Libre ќе бидат изведени 16 од најголемите хитови на Pink Floyd, пропратени со спектакуларно видео и лајт шоу. Ќе се изведат „Shine on your crazy diamond“, „Learning to Xy“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 ремек дела од опусот на групата.

Зад проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (клавијатури), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток