Македонија

Албанскиот дел од Охридско Езеро дел од УНЕСКО

По повеќегодишни напори на албанските власти, УНЕСКО го прошири регионот од Охридското езеро кој се смета за светско наследство и на територијата на западниот сосед. Одлуката е донесена како „проширување“ на основната одлука од 1979 година, кога градот Охрид и македонската страна на езерото влегле под заштита на светската организација.

„Со ова проширување, локалитетот сега го опфаќа и северо-западниот албански дел од Охридското езеро, малиот полуостров Лин и копнениот појас покрај брегот кој го поврзува полуостровот со македонската граница. На полуостровот има остатоци од ранохристијанска црква градена во средината на 6 век. Во плитките делови од водата близу брегот на езерото, три локации се сведоштво за присуството на предисториски престојувалишта… Езерото претставува засолниште за бројни ендемични видови на слатководна фауна и флора која датира од терцијарниот период“, се вели во дел од соопштението на УНЕСКО, пренесе 360СТЕПЕНИ.МК.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top