Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков од затворот „Идризово“ е преместен во затворот „Штип“. Според затворските власти преместувањето било направено по негово барање поради безбедносни причини.
Чавков е во притвор по пресудата за упадот во Собранието на 27 април што се случи пред две години. Судот му одреди затвор од 18 години, по што одбраната на Чавков поднесе жалба во Апелација.