вто. Дек 10th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ВМРО ДПМНЕ: Заев се фали со проектите на ВМРО- ДПМНЕ

Заев откако стана премиер единствено се фали со проекти на ВМРО- ДПМНЕ. Капиталните инвестиции се на најниско ниво во историјата на Република Македонија. Неспособноста на Заев оди до таму што не може да ги заврши проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна, а тешко му оди и пуштањето во употреба на готовите проекти кои им ги остави владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ па одолговлекува, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Заев заборави на ветените 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта кои јасно ги ветуваше пред изборите од пред две години.

Автопатот Демир Капија-Смоквица, е проект кој што беше реализиран во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото пуштање во употреба се одложуваше повеќе од 10 месеци поради неспособноста на владата на СДСМ.

Заев ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Неосновано се пролонгираше рокот на нивно завршување и пуштање во употреба.

Но сите овие проекти со кои Зоран Заев и неговите министри се фалат се на ВМРО-ДПМНЕ. Овој факт не може да се оспори и граѓаните добро знаат кој ги изгради овие автопатишта, залудни се трубачите на Заев.

Граѓаните имаат добра меморија и знаат кој што има изградено. Граѓаните видоа дека за две години власт на Заев, освен крадење ништо друго не стори. СДСМ и Зоран Заев докажаа дека не можат да реализираат апсолутно ништо.

Граѓаните на Република Македонија ќе го казнат СДСМ за нивните лаги и злодела, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com