пет. Дек 13th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Дајанчо Ефтимов: Патот од Струмица преку Босилово до Граничниот премин со Република Бугарија е заборавен од власта

Магистралниот пат М-6 односно патот кој води од Струмица преку Босилово и Ново Село до Граничниот премин со Република Бугарија е заборавен од власта. Овој пат е заборавен токму од луѓето кои што треба да го направат, а живеат тука во Струмица, истакна Дајанчо Ефтимов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Програмата „За живот“ СДСМ ветуваше дека ќе го реконструира овој пат Струмица – Граничен премин, а од животот во Струмица нема ни абер.

Пред точно една година министерот за транспорт и директорот на патишта од тука ја најавија подготовка на проектна документација, додека за период од пред половина година беше најавен и почеток на реконструкцијата.

Затоа денеска прашуваме:

Кога патот Струмица – Граничен премин ќе стане Експресен пат?

Струмичката јавност не заборави дека за истиот патен правец се ветуваше коловоз со четири ленти од Струмица до населено место Дабиље – кој е и те како значаен за развојот на стопанството.

Поминуваат две години од мандатот на оваа власт за кои според програмата во патишта треба да се вложат 600 милиони евра, а во патната инфраструктура во регионот нема позначајни инвестиции од оваа Влада со кои може да се пофали. Реализираа само проекти кои се започнати од претходната власт.

Оваа патна мрежа е важна за развојот на стопанството и трговијата, особено на земјоделието во регионот затоа што овозможува поврзување со соседните Бугарија и Грција односно со европскиот Коридор 4.

Оваа Влада на Зоран Заев уште еднаш покажа дека нема намера да инвестира и да гради. Зоран Заев уште еднаш го изневери својот народ, своите сограѓани и не им ги исполни ветувањата.

Затоа, што побрзо си заминат од власта, толку побрзо ќе се спаси народот од неспособноста на оваа Влада на Заев и СДСМ, истакна Дајанчо Ефтимов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com