пон. Окт 14th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ФОТО) Неразделни другари загинаа во страшна сообраќајна несреќа откако се враќале од забава

Неразделните другари Саша Кудра(23), Милан Голубовиќ(24) и Мишо Вујмиловиќ(25), денеска ќе бидат погребани на гробиштата во гратче Лакташи во Република Српска. Тие загинаа во страшна сообраќајна несреќа во неделата во 3 и 30 часот, враќајќи се дома од забава. Поради преголема брзина возачот не успеал да сврти во свиокот, по што изгубил контрола, а автомобилот завршил во блискиот канал удирајќи во бетонска заштитна ограда.

Тројцата останале на место мртви.

Во Лакташи е прогласен ден на жалост.

Целото место е во шок, а мештаните имаат само пофални зборови за загинатите момчиња како многу вредни и добри, пренесуваат регионалните медиуми.

 

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close