вто. Ное 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Заев зборува за 100 000 евра мито за Вартоломеј, автономија за Татарите, решенија за Косово

Премиерот на Македонија Зоран Заев во серија телефонски разговори во кои е измамен од комедијанти од Русија дека зборува со Јан Столтенберг и Петро Порошенко, разговара за повеќе актуелни прашња.

Заев зборува за некаква „автономија на окупирана територија“ која би ја добиле Татарите на Крим, со што би биле како Албанците на Балканот. Така тие би биле лојални до крај на Америка бидејќи целта била во „глобалната војна“ да победи Америка со Германија против Русија.

Во разговорот со човекот го го убедил дека е Петро Порошенко, Заев договара 100 000 евра мито за Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, бидејќи само со пари ( донации ) ќе се средело прашањето за црквата.

Заев зборува и за решение на политичката криза во Србија, притоа спомнувајќи го Боќко Обрадовиќ од движењето „Двери“.

Тој зборува и за Косово, каде кажува дека е против северните општини да се припојат на Србија и тоа го нарекува „темпирана бомба“ за Балканот.

Владата сеуште не се има официјално огласено по овие најнови снимки, а сеуште има молк и во СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close