Скопје

(ФОТО) Општина Ѓорче Петров започна со изградбата на шеталиште за корзо

Во населбата Ѓорче Петров ќе се врати некогашното корзо. Општината планира да изгради мала чаршија со занаетчиски дуќани и кафулиња и амфитеатрална бина во реонскиот парк во Ѓорче Петров.

„Започнаа подготвките за изведба на корзото во паркот-белегот на општината, симболот на ноќниот живот и урбаното живеење во Ѓорче.

Во моментов во првата фаза се расчистува теренот, ќе се отстранува калдрмата и бетонските елементи од тротоарите а истовремено ќе се постави и подземна инсталација и ќе се нивелира земјиштето по што ќе следи подготовка за втората фаза за уредување на просторот.

За првата фаза од општинскиот буџет се издвоени околу 6 милиони денари.

Корзото најдобро го отсликуваше духот на старо Ѓорче. Да им оставиме на идните генерации наследство за кое сега постојат само сеќавања. Да ја вратиме забавата , да го вратиме духот на заедништво“, објави градоначалникот Александар Наумоски на својот Фејсбук профил.

Најчитани

To Top
Close