Свет

Почина четиригодишното девојче што таткото го остави во прегреан автомобил

Почина четиригодишното девојче кое работниците на градилиштето го пронајдоа во затворен автомобил во Ровињско село. Ова го потврдија од Истарската полициска управа.

– Ве информираме дека полицијата денеска доби известување дека детето, кое беше пронајдено на 4 јули во бесвесна состојба, умрело вчера во болницата во Риека. Бидејќи наодите и постапката за кривични дела на штета на децата и малолетните лица се тајни, би сакале да ве упатиме дека за повеќе информации да ја контактирајте канцеларијата на надлежниот државени адвокат – порачале од полицијата.

Инаку четиригодишното девојче во четвртокот било оставено во презагреан автомобил во село во близината на Ровињ. Во возилото девојчето минало повеќе од два часа на висока температура, поради што ѝ се слошило, па веднаш била пренесена во болница. Мртвото девојче било пронајдено во бесвесна состојба во вжештениот автомобил.

Најчитани

To Top
Close