Свет

(ВИДЕО) Судар на два авиони на аеродромот во Амстердам

Два патнички авиона се судриле денеска на аеродромот во Амстердам. Како што пренесува порталот „Сан“, во инцидентот никој не е повреден, а истот се случил поради грешка на работник на аеродромот.

Изгледа дека авионот на Изиџет се удрил во боингот на КЛМ. Боингот се подготвувал да полета за Мадрид, а авионот на Изиџет долетувал од Лондон кога се судриле на пистата.

Сведоците велат дека двата авиони се оштетени, а патниците се евакуирани назад на терминалот. Еден патник твитна за тоа што се случило.

„Мојот Изиџет авион на летот од Амстердам за Лондон буквално се зачука во друг авион. Нашето крило се зари во опашката на КЛМ. Заробени сме во авионот додека не заврши истрагата“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток