Свет

Сведоштво од Халкидики: Не разбиравме што се случува. Трчавме, собравме колку што можевме повеќе луѓе

Превртени автомобили, искорнати дрвја,уништени домови, или пустош од библиски размери остана зад смртоносното невреме што синоќа го погоди грчкиот попуостров Халкидики, пишува „Та неа“, пренесувајќи ги шокантните сведоштва за големата трагедија.

Првиот човек на агенцијата за планирање и заштита од земјотреси, Ефтимиос Лекас, посочува дека невремето траело десет минути.

– Не разбиравме што се случува. Трчавме, собравме колку што можевме повеќе луѓе, не повеќе од десетмина повредени. Внатре имаше околу 100 луѓе. Не можевме да ја извлечеме жената, не можевме да ја земеме со нас – вели човек што бил во таверната, каде што загинаа Романката и нејзиниот син.

Во невремето загинаа шест лица, меѓу кои се Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се срушил покрив во таверна во местото Неа Плагија, двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа. Околу стотина луѓе се повредени, а уште се трага по исчезнатите.

Надлежните грчки служби се на терен, помагајќи им на настраданите и проценувајќи ја нанесената штета.

 

 

 

Најчитани

To Top
Close