Македонија

Заев им се извинил на Тачи и Вучиќ за муабетот со руските комичари

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека разговарал со косовскиот претседател Хашим Тачи во врска со неговиот разговор со руските комичари, посочувајќи дека доколку со тоа ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа.

“Зборувавме со Тачи, бараше објаснување. Јас разменив и порака со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Сакам уште еднаш да ја исористам приликата ако со изјавата сум ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа. Ние сме исклучително пријателски земји. Јас се надевам, барем така чувствувам, дека сум пријател на граѓаните на Косово. Никогаш не сме имале детали за преговарачкиот процес, како што и претходно изјавив. Сето тоа што е тема на разговори во кои било кулоари кога разговараме од она што е присутно во јавноста и слично. Впрочем и претседателот Тачи и претседателот Вучиќ знаат дека ние и не знаеме, немаме споделено информации, изјави Заев.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток