Видео

(ВИДЕО) Албанија погодена од силно невреме

Силен ветер, дожд, град и електрични празнења, вчера ја погоди речиси целата територија на Албанија, предизвикувајќи поплави, материјална штета, како и прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Прекин во сообраќајот имаше во Валона поради високото ниво на вода по улиците.

Невремето е причина и за повеќе сообраќајни несреќи во кои се повредени повеќе лица.

Посебно погодени подрачја се околиите на Ѓирокастро, Валона, Саранда, Корча и Шенѓин.

Во многу делови во земајта има прекин во снабудвањето со електрична енергија.

Најчитани

To Top
Close