пон. Окт 14th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Пронајдена седмата жртва од невремето во Грција, но која е причината за страшното невреме?

Хеликоптер на грчката воена морнарица во 13 часот и 35 минути по локално време лоцираше беживотно тело во морскиот дел на Неа Каликратиа на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Со лоцирањето на безживотното тело, бројот на жртвите од невремето на Халкидики се искачи на седум лица. 

Причината за страшното невреме на Халкидики денес го објасни метеорологот Јанис Калианос. Тој потенцира дека „се знаеше дека ќе има невреме во среда“, но никој не можеше да предвиди дека тоа ќе има трагични последици. Тој посочи дека невремето дошло од регионот на Преспа.

– Оттаму почна нарушувањето во повисоките атмосферски слоеви. Многу студената воздушна маса се движела од север кон југ и се спуштила во Иматија и Пела. Во одредена фаза дошла до Солунскиот Залив, каде што морето е топло и има големо испарување и збогатување на воздушната маса. Така, студената воздушна маса од Преспа ја потиснала топлата воздушна маса, наведувајќи ја да се крене. Невремето потоа дополнително се засилило и движејќи се со голема брзина довело до несаканите последици – објаснува професорот на универзитетот „Аристотел“ во Солун.

Според последните податоци, во невремето на грчкиот полуостров загинаа седум лица, над 20 лица се хоспитализирани, а причинета е и голема материјална штета.

 

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close