Македонија

(ФОТО) Објавени пораките кои Заев им ги праќал на русите

На социјалната мрежа фејсбук се појавија пораките кои премиерот Зоран Заев му ги испраќал преку мобилна апликација на рускиот комичар Алексеј Столјаров кога јавноста го познава повеќе како лажниот „Петро Порошенко“.

Од пораките се гледа дека Заев мислел дека навистина го информира украинскиот претседател Порошенко за разговори со претставници на украинската Влада, и продолжува да бара негова помош за контакт со патријархот Вартоломеј, на кого Заев се согласи да му исплати 100.000 евра мито.

Во една од пораките до лажниот „Порошенко“, Заев испраќа фотографија во која седи во својата канцеларија во друштво со Силберстин, кој по се изгледа го посетил Скопје пред да отпатува за Киев. Фотографијата е проследена со пораката „здраво пријателу, ти го праќам овој човек утре рано изутрина“.

Руските комичари првично биле збунети од оваа порака од Заев, но потоа одговараат „а, Тал Силберстин, не го видов во сликата. Тој ми помага со кампањата“. Заев одговара: „знам, ти посакувам успех. Тал е одличен тип. Супер е“.

Еве ги пораките на Заев до комичарите преку ВацАп.

Posted by Мисија on Thursday, July 11, 2019

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток