Свет

(ВИДЕО) Тачи: Пpaнкстерите се обидоа и нас да не измaмат, но тука работат вистински професионалци

Новинарот Фуркан Салиу на својот Фејсбук објави видео од изјава на косовскиот претседател, Хашим Тачи кој одговара на новинарски прашања. Имено по скaндалот во Македонија со руските пранкстери Вова и Лексус, еден од новинарите го запраша Тачи дали можеби тој разговарал со Порошенко во наводници. На ова Тачи накусо одговори дека пранкстерите се обиделе и него да го изmaмат, но како што вели тој во неговиот кабинет работат вистински професионалци па тоа воопшто не се случило. Косовскиот претседател додаде и дека тој секогаш ги почитyвa протоколите за тоа како се разговара со еден странски државник. Тачи не можеше да се воздржи и да не се насме кога новинарот му го постави ова прашање.

-Pranksterët rus tentuan të depërtojnë edhe në kabinetin e Presidentin Kosovar, por nuk patën sukses… Kabineti presidencial në Kosovë, FUNKSIONON 😊 -Руските комичари пробале да го добијат и Хашим Тачи, ама не им успеало… Претседателскиот кабинет на Косово, ФУНКЦИОНИРА 😊

Posted by Furkan Saliu on Thursday, July 11, 2019

-Руските комичари пробале да го добијат и Хашим Тачи, ама не им успеало… Претседателскиот кабинет на Косово, ФУНКЦИОНИРА , напиша Салиу во описот на видеото.

Најчитани

To Top
Close