Правда

Поднесено обвинение против лицето кај кое беа пронајдени марихуана и амфетамини

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 36-годишен скопјанец се товари дека неовластено во  дом во кој престојувал на улица „Охридска“ држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 276,43 грама, како и психотропна супстанција – амфетамин со вкупна нето тежина од 486,06 грама. Освен ова, во домот биле пронајдени и полиетиленски пакувања со 29 таблети со жолта боја и втиснато лого „ТЕСЛА“ кои претставуваат психотропна супстанција 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), како и дигитални ваги и стаклен тас со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции.

Со поднесувањето на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетото лице.

Најчитани

To Top
Close