Свет

Ратко Младиќ пренесен во болница

Генералот Ратко Младиќ вчера од притворската едница во затворот Шевенинген бил префрлен во болница во Хаг, откако во текот на посета на неговите најблиски му се слошило, изјави за Танјуг, неговиот син Дарко.Тој додава дека иако се очекувало тој во четвртокoт да биде пуштен, сепак бил задржан за понатамошни прегледи.

Ратко Младиќ е во притвор во Хашкиот трибунал од јуни 2011 година.

На 22 ноември 2017 година беше осуден на доживотна казна затвор поради воени злосторства во Босна и Херцеговина, а неговите бранители вложија жалба на таа одлука.

 

 

На почеток